Мбапе не е така скромен: Младата ѕвезда со неколку лични каприци го уценил ПСЖ

mbape-namingunav

Килијан Мбапе делува како сосема нормално и скромно момче на фудбалскиот терен, но веста која денеска ја сподели угледниот „Лекип“ со прикажани официјални документи од „Футбол ликс“ ни покажа едно сосема друго лице на суперталентираниот фудбалер кој блеска во дресот на ПСЖ.

Од наведените докази, може да се види дека Мбапе постигнал вербален договор со Реал Мадрид за трансфер на „Бернабеу“ од 214 милиони евра, но сепак на крајот одлучил да ја прифати понудата на ПСЖ и затоа беше активиран трансферот кој чинеше 180 милиони евра.

Самиот Мбапе истакна дека на крајот го избрал ПСЖ пред Реал поради тоа што сакал да остане во својата родна земја, но сепак во обидот да добие што повеќе од договорот со „светците“, младиот Килијан воопшто не се штедел во барањата.

Објавените документи докажуваат дека Мбапе сакал да му бидат остварени неколку каприци од страна на ПСЖ пред да потпише милионски договор, а со самото тоа може да се заклучи дека на некој начин ги уценил челните луѓе на клубот кои одлучиле да му остварат само едно од наведените три барања.

Мбапе сакал сопствен хеликоптер, 50 часа годишно со приватен авион на сметка на ПСЖ и 30 илјади евра месечно за подмирување на неговата лична безбедност. На крајот, клубот му го одобрил само ова последното, па така Мбапе секој месец добива по 30 илјади евра од ПСЖ како плус на гарантираната плата за да ги исплати својот батлер, личниот шофер и телохранителот.

 

Facebook Коментари