Поврзете се со нас

Свет

Мбапе му се обрати на Роналдо пред меѓусебната пресметка која ќе ја имаат во четвртфиналето

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Килијан Мбапе како главна француска ѕвезда ќе биде најголема опасност за голот на Португалија, но овој меч ќе биде посебен за новиот играч на Реал Мадрид и поради тоа што ќе игра против својот идол.

Мбапе го идолизира Кристијано Роналдо од најмали нозе и тоа го прави четвртфиналето уште поспецијално за него, па во најавата за вечерниот меч кој се игра во Хамбург, Килијан директно му се обрати на португалскиот капитен.

– Кристијано Роналдо е фудбалски уникат, вистинска спортска икона. Тој е играч кој инспирираше една цела фудбалска генерација.

– Вистинска чест е да се игра против него, сите знаете колку многу го сакам и почитувам. Неговата биографија доволно говори за кого станува збор, никогаш повеќе нема да има играч како него.

– На него гледам со максимален респект, тој ќе остане легенда на нашата игра, но се надевам дека сега ќе го победам и дека Франција ќе биде поблиску до финалето, – изјави Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни