Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе му откри на Макрон кога ќе биде потврден неговиот трансфер во Реал Мадрид (Видео)

Објавено

на

Шпанските медиуми уште минатата седмица најавија дека трансферот на Килија Мбапе во Реал Мадрид ќе биде потврден по големото финале во Лигата на шампионите, а последните вести од Франција на оваа тема ги даде самиот фудбалер.

Францускиот капитен денеска имал средба со Емануел Макрон кој решил да го посети тимот кој се подготвува за Европско првенство, по што присутните новинари успеале да го овековечат моментот и да ја „уловат“ конверзацијата меѓу Килијан и претседателот на земјата.

Макрон во прв момент го прашал Мбапе за формата во која се наоѓа, а потоа го запрашал дали неговиот трансфер во Реал Мадрид ќе биде потврден денеска.

– Вечерва, вечерва, – одговорил Мбапе.

Видеото го пренесоа сите угледни француски медиуми, па не чуди фактот што оваа вест експресно стана топ тема и во шпанската спортска јавност.

Реал Мадрид во саботата стигна до 15-та титула во Лигата на шампионите, а според зборовите на самиот фудбалер, од вечерва ќе биде посилен и за Килијан Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни