Поврзете се со нас

Франција

Мбапе му одговори на првиот човек на ПСЖ: Јас сум едноставен играч, никогаш…

Објавено

на

Килијан Мбапе допрва треба да донесе одлука околу својата кариера или поточно дали ќе остане во сегашната средина или ќе се одлучи за нов предизвик.

Договорот му истекува наредната година, а тоа дефинитивно носи многу шпекулации, гласини затоа каков чекор ќе се одлучи да направи. Самиот Мбапе јавно порача дека се уште не знае што ќе прави, односно одлуката ќе зависи од проектот што ќе му биде понуден затоа што сака истиот да биде амбициозен.

По ова првиот човек на клубот, Насер Ал-Келаифи истакна дека ја разбира желбата за победа на Французунот, ама воедно му порача дека никогаш нема да му дозволи тој да ги бира засилувањата.

На ова свој одговор имаше Килијан на кого не му се допадна тоа што го кажа претседателот на ПСЖ.

-Не сум заинтересиран, тука сум да ја претставувам Франција, најважен е тимот на Франција, не сакам да ја вознемирувам групата, -рече напаѓачот и потоа порача:

-Ал-Келаифи рекол дека јас нема да ги бирам засилувањата? Ќе одговорам на тоа. Никогаш не сум побарал играч од претседателот или од спортскиот директор. Јас сум едноставен фудбалер, мора да бидам задоволен со теренот. Никогаш не сум побарал ниту еден играч од ПСЖ, -истакна брзоногиот Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни