Шпанија
Мбапе му испратил јасна порака на Флорентино по пенал утката на „Сан Мамес“
Килијан Мбапе беше прилично самокритичен кога пред неколку недели промаши втор пенал во низа на натпреварот против Атлетик Билбао, сценарио кое претходно навивачите на Реал Мадрид го гледаа во европското дерби на „Енфилд Роуд“ против Ливерпул.
Двете нереализирани најстроги казни го вклучија алармот во главата кај самиот фудбалер и тој самиот нагласи дека мора да докаже дека заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид, а игрите и изданијата кои ги понуди од тој меч наваму дефинитивно одат во правец кој го очекуваа сите верни симпатизери на „кралскиот клуб“.
Мбапе покажа карактер во навистина тежок и комплициран момент за него и одговори со четири голови на последните четири натпревари, период во кој ја освои и втората титула како член на „кралевите“.
Билансот од 14 погодоци и 4 асистенции направи Мбапе да замине на Божиќна пауза во далеку подобро расположение, но угледната „Марка“ тврди дека Французинот во ниту еден момент не се сомневал во себе, па дури и му испратил јасна порака на Флорентино по пенал утката на „Сан Мамес“.
– Никој нема да се покае за мојот трансфер, нема да го дозволам тоа, – му порачал Мбапе на Флорентино, а три недели подоцна ситуацијата изгледа далеку поразлично за него.
Всушност, треба да се нагласи дека никој во таборот на Реал Мадрид не се посомнева во Килијан по кризата во која влезе на крајот на месец ноември и почетокот на месец декември, а негов најголем поддржувач беше Карло Анчелоти кој јавно тврдеше дека само прашање на време е кога Килијан ќе почне редовно да ги тресе противничките мрежи.
-
Англија8 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија15 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија10 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Италија15 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија14 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
Англија4 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)