Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе му честиташе на Лион и ги поздрави сеирџиите кои се потсмеваа со француското првенство (Фото)

Објавено

на

Лион направи пријатно изненадување откако преку Јувентус и Манчестер Сити стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.

Со тоа, Франција има два полуфиналисти, исто колку и Германија и првпат во историјата на Лигата на шампионите, меѓу четирите најдобри нема екипа од Шпанија, Англија и Италија.

Но, напаѓачот на вториот француски полуфиналист ПСЖ, Килијан Мбапе, со својата честитка до Лион, преку социјалните мрежи им одговори на сите оние кои се потсмеваа со француското првенство изминатиот период.

Коментарите на дел фудбалски фанови дека францускиот шамионат е „лига на фармери“ сега беше инспирација за Мбапе, кој им возврати со едноставен и краток твит, во кој испрати честитки и до францускиот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни