Поврзете се со нас

Италија

Мбапе: Можам да играм само за еден тим во Италија

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе го доби главното признание на доделувањето „Глоуб Сокер“, а во изјава за „Скај“ уште еднаш испорача „музика за уши“ за фановите на Милан.

Иако во минатото веќе има откриено дека бил голем фан на „росонерите“ во детството, Мбапе уште еднаш потенцирал дека единствената опција во Италија за него може да биде само Милан.

– Јас во Италија? Никогаш не вели никогаш.

– Гледам Серија А, тоа е квалитетна лига, следната сезона ќе имаат повеќе екипи во Лигата на шампионите што е доказ дека напредува.

– Кога бев дете, бев навивач на Милан и секогаш велев дека ако некогаш решам да играм во Италија, тоа може да биде само за Милан. Го гледам секој натпревар на оваа екипа, – изјавил Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни