Мбапе со магичен погодок со пета ја најави победата на ПСЖ (Видео)

mbape

Тимот на Пари Сен Жермен ја оправда улогата на фаворит и ги освои трите бода против Нант на мечот од првата француска лига кој вечерва се одигра на „Паркот на Принцовите“.

„Светците“ победија со 2-0 со погодоците на Килијан Мбапе и Нејмар во второто полувреме со тоа што оној на францускиот репрезентативец беше вистинско ремек дело. Тој во 52 минута го искористи додавањето на Анхел Ди Марија и со пета ја смести топката во мрежата на Нант. Мајсторија!!!

Facebook Коментари