Лига на шампиони
Мбапе ќе профитира од отсуството на Винисиус, Реал без половина тим ќе брка победа на „Енфилд“
Реал Мадрид мора да брка позитивен резултат на гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите, а тренерот Карло Анчелоти мора да ја изведе оваа „операција“ без помош на многу важни фудбалери.
Повредите го преполовија стартниот тим на Реал, па Италијанецот мора да импровизира на неколку позиции, а единствен фудбалер кој ќе профитира е Килијан Мбапе.
„Марка“ најави дека Мбапе ќе добие можност да игра на природната позиција по левата страна во нападот, најмногу поради фактот што Винисиус е повреден и ќе го пропушти гостувањето на „Енфилд“.
Покрај Винисиус, во нападот опција не е ни Родриго, па Анчелоти ќе треба да избере меѓу неколку играчи, додека во средниот ред ќе го нема Орелијан Чуамени.
Од претходно е јасно дека во комбинација не се Милитао, Алаба и Карвахал, па во одбраната ќе помагаат Лукас Васкез и младиот Фран Асенсио.
Реал мора да оди на победа ако сака да остане во комбинација за Топ 8 пласманот во ЛШ, затоа што досега има само две победи на четири натпревари.
-
Свет22 часа
Помошникот на Фенербахче тргна да слави гол со играчите, Мурињо му одржа лекција која ги изнасмеа фановите (Видео)
-
Шпанија23 часа
Рафиња со капитенската порака го заштити најкритикуваниот играч на Барса
-
Шпанија23 часа
Симпатично видео од Шпанија: Двајца млади фанови на Осасуна водеа битка за еден дрес и станаа вирален хит
-
Англија17 часа
Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…
-
Лига на шампиони14 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Шпанија22 часа
Фудбалер на Рајо почна да се води за исчезнат во јавноста, претседателот на клубот даде објаснување
-
Свет18 часа
Депај со голчиште од слободен удар ги запали навивачите на Коринтијанс (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Ван Дер Варт за Роналдо: Неверојатно себичен играч, тој е единствениот…