Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе ќе дебитира на „Сан Моиш“, Флик ќе има „жешко“ гостување уште во првото коло (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

По извлечената ждрепка за англиската Премиер лига, водечките луѓе на шпанскиот фудбал го комплетираа цело извлекување за новата натпрварувачка сезона во Ла Лига, а првото коло ни носи навистина интересни дуели.

Во преден план се најдоа новајлиите во елитното друштво и посебно внимание привлекоа Килијан Мбапе и Ханси Флик, бидејќи попладнево дознавме на кои места ќе дебитираат двајцата во шпанскиот фудбал.

Мбапе како нова голема ѕвезда на Реал Мадрид ќе гостува на „Сан Моиш“ кај Мајорка во првото коло, што значи дека Реал Мадрид ќе ја почне одбраната на титулата од познатиот остров во Шпанија.

Од друга страна, Ханси Флик ќе има навистина тешка задача и „жешко“ гостување уште во првото коло во Ла Лига, бидејќи Барселона ќе биде нагостена на „Месталја“ од Столе Димитриевски и неговите нови соиграчи.

Планот е македонскиот чувар на мрежата да биде прв голман на Валенсија, па Столе ќе има голем предизвик уште во воведната рунда.

Од останатите интересни датуми, вреди да се нагласи дека првото „Ел Класико“ се игра на „Бернабеу“ на 27-ми октомври, а на второто домаќин ќе биде Барселона во месец мај.

Новата сезона во Шпанија ќе почне на 15-ти август, а ќе заврши на 25-ти мај 2025-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни