Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе ја објасни изјавата по која сите го преселија во Реал Мадрид

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Орелијан Чуамени со својата изјава за Килијан МБапе дополнително ги подгреа шпекулациите за неговиот договорен трансфер во Реал Мадрид, но додека цела јавност пишува за тоа, францускиот капитен се уште ги демантира таквите стории.

Мбапе се појави пред француските новинари пред пријателскиот меч со Чиле и говореше за свирежите кои ги добија фудбалерите на мечот во Лион против Германија, меѓутоа во фокусот се најде неговиот одговор на изјавата која ја даде Чуамени.

Напаѓачот успеа да се извади на политички начин и порача дека неговиот соиграч ја дал изјавата во поинаков контекст, а не како она што беше заклучено во јавноста.

– Јасно е дека Чуамени зборуваше за мене. Играв против Реал Сосиедад во Лигата на шампионите, сега ќе играме против Барселона, а ако пројдеме, најверојатно со Атлетико Мадрид.

– Поради тоа рече дека Шпанците ќе ме гледаат почесто во иднина. Мислеше на тоа, а не на нешто друго, – изјави Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни