Поврзете се со нас

Франција

Мбапе изрежира бравура во стилот на „Феноменот“ Роналдо, немоќната реакција на голманот стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Килијан Мбапе постигна два гола во уверливата победа од 0:4 која ја оствари ПСЖ на гостувањето кај Ним, но во прв план остана првиот кој го реализираше по фантастичната асистенција.

Рафиња Алкантара на спектакуларен начин го проигра супербрзиот Французин, кој немаше проблем да ја стигне топката, а потоа да изведе фудбалска бравура во стилот на легендарниот Роналдо.

Светската јавност во повеќе наврати има правено споредби меѓу Мбапе и незаборавниот бразилски „Феномен“ Роналдо, па вечерва Килијан на истата и приреди магија во негов стил.

Ѕвездата на ПСЖ со лажно движење го измести противничкиот голман Рене и потоа лесно ја спроведе топката во празната мрежа, нешто што во безброј наврати во кариерата го правеше неповторливиот бразилски напаѓач.

Во дадената ситуација, голманот на Ним беше комплетно немоќен, а најдобар доказ за тоа е неговата реакција кога беше издриблан од напаѓачот на ПСЖ.

Инаку, Мбапе погодокот му го посвети на млад фан на ПСЖ кој води битка со ракот, па неговата солидарна реакција само докажува дека има и човечки квалитети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни