Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе излезе со свое предвидување за осминафиналната пресметка меѓу ПСЖ и Реал

Објавено

на

Килијан Мбапе беше прогласен за најдобар играч за 2021-ва година од страна на „Глоуб Сокер“ наградите кои се доделуваат во Дубаи, а при доделувањето на признанието, Французинот не ги криел огромните амбиции за новата 2022-ра година.

Повеќе од јасно е дека францускиот репрезентативец ќе ја доврши оваа сезона како член на ПСЖ, но судбината посака во осминафиналето во Лигата на шампионите да игра против клубот во кој сакаше да направи трансфер изминатово лето.

Реал Мадрид ќе биде првата сериозна пречка на ПСЖ во нокаут рундата во Лигата на шампионите, па како најава за двете осминафинални пресметки, со прва изјава се јави и Мбапе.

– Единственото што можам да го предвидам и да го кажам за натпреварите меѓу ПСЖ и Реал е тоа дека ПСЖ на крајот ќе победи. Ќе биде навистина тешко и комплицирано, но мојата цел е да ја освојам Лигата на шампионите и Светското првенство во 2022-ра година, – вели Мбапе кој признава дека е против идејата мундијалот да се игра на секој две години.

– Мундијалите се специјални бидејќи се играат на секои четири години. Поради тоа што е ретко натпреварување, луѓето сметаат дека тоа е најдобриот турнир во светот. Ако се игра секоја втора година, ќе почне да се мисли дека станува збор за нормално натпреварување, – смета Килијан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни