Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе излезе со скромна изјава по ноќта за паметење на „Камп Ноу“

Објавено

на

Килијан Мбапе влезе во одбрано друштво и оваа вечер стана само деветтиот играч кој постигнал хет-трик на „Камп Ноу“ како ривал на Барселона, фудбалска симултанка со која му донесе огромна победа на ПСЖ во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите.

Иако францускиот првак прв прими гол, во продолжение следеше рапсодија на гостите од Париз, истата предводена од страна на најдобриот играч на теренот во отсуство на Бразилецот Нејмар. Мбапе ја покажа својата страшна фудбалска класа и вонсерискиот талент на еден од најпознатите стадиони во светот, постигнувајќи дури три гола во мрежата на Марк Андре Тер Штеген во триумфот од 1:4.

Во славјето на парижаните, погодок постигна и напаѓачот Кин, но сепак топ тема во јавноста е францускиот фудбалски мајстор кој сепак по ноќта за паметење имаше доста скромна изјава, со која даде нов дипломатски одговор за својата иднина.

– Дресот на ПСЖ е еден од оние кои најмногу ги сакам и еден од оние кои се во моето срце. Мојата иднина? Ќе бидам навистина глупав ако кажам дека сум донел одлука после еден меч во Лигата на шампионите.

– Станува збор за нешто околу што треба добро да се размисли, веќе го кажав тоа. Секогаш сум велел дека сум среќен тука и тоа го повторувам. Вакви тимски натпревари ме прават уште посреќен и позадоволен. Сакавме да дојдеме тука и да победиме, победивме како тим, го направивме тоа на многу добар начин. Сепак, уште не сме направиле ништо, до пред извесно време добивав критики. Јас не играм за да замолкнувам нечии усти, играм за да му помогнам на тимот и да уживам на теренот, – гласи првата изјава на Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни