Лига на шампиони
Мбапе издоминира на „Бернабеу“, па си посака ривал за осминафиналето во ЛШ

Килијан Мбапе ја имаше првата посебна вечер на „Сантијаго Бернабеу“ во Лигата на шампиони, бидејќи Французинот самиот се погрижи да биде топ тема по завршување на двомечот со Манчестер Сити.
Напаѓачот на Реал беше нерешлива енигма за избраниците на Пеп Гвардиола, бидејќи откако постигна еден гол на првиот меч, денеска погоди уште трипати на натпреварот во шпанската престолнина.
Мбапе практично сам го откажа Сити на реваншот и со трите гола ја обезбеди победата за Реал, кој со конечни 6:3 се пласираше во осминафиналето.
Поради новите пропозиции во најелитното натпрварување, Реал уште отсега знае дека на ждрепката може да се падне со Баер Леверкузен или Атлетико Мадрид, па Килијан по доминатното издание си посака идеален ривал за следната елиминациска фаза.
– Ќе биде тешко и против Леверкузен и против Атлетико, но за мене подобро е да играме со Атлетико. Тоа ќе значи дека нема да има потреба да патуваме, ќе бидеме дома во Мадрид. Тоа ќе бидат два екстремно тешки натпревари, но нема да губиме сила со патувања, – изјави Мбапе кој беше избран за МВП на „Бернабеу“.
– Ова беше перфектна ноќ за целиот тим. Сакавме да се пласираме во осминафиналето со победа, за нас логично е да играме во осминафинале. Не беше лесно против Сити, но одигравме на највисоко можно ниво. Не дојдов тука за да играм лош фудбал, го остварив сонот, а сега почнав и да играм добро. Заврши процесот на адаптација и мора да покажам карактер кога е тоа потребно. Најважно е да се освојат титули, сакам моите голови на крајот да донесат титули, – додаде Килијан.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)