Поврзете се со нас

Франција

Мбапе „испука“ хет-трик, Енрике го критикува: Не сум задоволен, ќе разговарам…

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Пари Сен Жермен го совлада Ремс со 3-0 во средба во која главниот збор го имаше Килијан Мбапе кој ги постигна сите три погодоци за гостите.

Разиграниот Мбапе со хет-трик го однесе ПСЖ на првото место во Лига1 (ВИДЕО)

Килијан стрелаше во 3, 59 и 82 минута со што му помогна на ПСЖ да се искачи на врвот на табелата во Лига 1. Меѓутоа тренерот Луис Енрике имаше забелешки за играта на својот најдобар фудбалер и јавно посочи дека ќе разговара со него за некои работи.

-Не сум задоволен од Килијан. Немам што да кажам за головите…Ама тој може повеќе да му помогне на тимот, на различни начини. Тој е играч од светска класа, сакаме повеќе. Прво ќе разговарам со него за тоа, тоа е приватно, -порача Шпанецот.

Мбапе со 13 голови е прв стрелец во францускиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни