Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе испрати закана до играч на Барса: Ако се сретнеме на улица, ќе те убијам (Видео)

Објавено

на

Килијан Мбапе е топ вест во француската и шпанската јавност поради фудбалското шоу кое вчера го приреди на „Камп Ноу“, но во изминатите неколку часа на Пиринеите посебно актуелно стана едно видео кое го пренесоа специјализираните шпански емисии.

Францускиот фудбалски мајстор постигна три гола во мрежата на Марк Андре Тер Штеген и беше најголема опасност по голот на каталонскиот гигант, а таквиот статус направи да биде и прва мета на дефанзивците на Барса, кои на моменти очигледно го загубиле трпението.

По едно кошкање кое го имаа во шеснаесетникот, Жорди Алба имаше што да му каже на младиот фудбалер, а Мбапе не му остана должен и му испрати закана.

– Ти се извинив, се правиш поголем од тоа што си. Се правиш поголем од тоа што си, – му порача Жорди Алба на Мбапе, по што овој му возврати.

– Ако се сретнеме на улица јас ќе те убијам, надвор од теренот ќе те убијам, – му порача Мбапе на течен шпански јазик, по што се вклучи и Пике.

– Кога ќе убиваш, кого ќе убиваш, – се надоврза стоперот на Барса кој инаку пак имаше конфликт со Антоан Гризман,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни