Шпанија
Мбапе им испрати јасна порака на Гризман и Ленгле пред првото дерби против Атлетико

Килијан Мбапе вечерва ќе биде дел од првото мадрилењо дерби во шпанската престолнина, натпревар на кој неговиот Реал ќе го нагости Атлетико на „Сантијаго Бернабеу“.
Французинот го пропушти натпреварот од првиот дел од сезоната поради повредата на задната ложа, но сега дефинитивно ќе биде стартер и се очекува да биде лидер во нападот на „кралевите“.
Мбапе на денешниот натпревар ќе се соочи со тројца сонародници кои ги бранат боите на ривалскиот клуб од Мадрид, а таквиот факт го искористи за да им испрати порака на Гризман и Ленгле кои се очекува да бидат стартери.
– Мислам дека е полесно да играте против играчи кои ги знаете, бидејќи добриот однос прави да нема лоши мисли. Нема ништо лично на теренот, едноставно ги браниме боите на нашиот клуб. На крајот од натпреварот, повторно ќе бидеме пријатели, но за време на мечот, знаат дека ќе направам се за Реал. Мораме да ги победиме.
– Јас на секој меч влегувам со амбиции за победа, па така е и на ова дерби. Секако дека ќе биде важен натпревар за нас и сите мадридисти. Мораме да победиме, особено поради состојбата на табелата. Блиску сме еден до друг и треба да направиме се за да победиме, – вели Мбапе.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично