Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе и Валверде со „проектили“ ја најавија победата на Реал Мадрид (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/realmadrid

Реал Мадрид постигна три гола уште во првото полувреме и ја најави победата против Севилја (4:2), со која се проби на второто место на табелата во Ла Лига.

Резултатот беше израмнет до 10. минута, кога Килијан Мбапе упати силен и прецизен удар од дваесетина метри и на атрактивен начин ја затресе мрежата на Севилја.

Тој погодок како да беше предизвик за Феде Валверде, па Уругваецот во свој стил, испрати уште поатрактивен проектил во голот на Фернандез и тоа само десет минути подоцна.

Родриго во продолжение зголеми на 3:0, а Ромеро го намали водството пред крајот на првиот дел.

Диаз и Лукебакио погодија по еднаш во второто полувреме, па на крајот Реал заслужено победи со 4:2 и има бод помалку од лидерот Атлетико Мадрид и два бода повеќе од Барса, која има и натпревар повеќе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни