Поврзете се со нас

Франција

Мбапе и Асенсио искомбинираа победа за ПСЖ

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе го отвори натпреварот на ПСЖ со Стразбур со нереализиран пенал, но во продолжение одговори со постигнат гол и асистенција, па гостите стигнаа до посакуваниот резултат (1:2).

Мбапе не успеа да го совлада домашниот голман од белата точка во 6. минута, но постигна гол уште во првото полувреме и тоа на асистенција на Марко Асенсио.

Шпанецот му зададе нов удар на Стразбур во 49. минута, во ситуација кога Мбапе беше асистент, а во продолжение домаќините само намалија, но не успеаја да стигнат до посакуваното израмнување.

За ПСЖ ова е четиринаесетта победа сезонава и значи зацврстување на првата позиција на табелата во Лига 1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни