Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе го уништи Гвардиол, па му фаќаше сеир при прославата: Го прати по хот-дог (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе имаше незаборавна вечер на „Сантијаго Бернабеу“ против Манчестер Сити, но хајлајт на мечот беше моментот кога го постигна вториот гол.

Французинот со брзо движење целосно го извади од рамнотежа Јошко Гвардиол и го испрати на земја, а потоа следеше ладна и мирна реализација во мрежата на Едерсон.

Мбапе беше еуфоричен во дадените моменти и реши да му фаќа сеир на Гвардиол додека тој лежеше на земја, односно при прославата со раце покажуваше дека го испратил ривалот во празно.

Оваа реакција на Мбапе стана вирална на социјалните мрежи, каде во фокусот се најде и еден коментар на угледниот „ЕСПН“.

– Го прати Јошко Гвардиол по хот-дог……

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни