Поврзете се со нас

Лига на нации

Мбапе го разнесе чуварот и изведе мајсторија, Жиру испиша фудбалска историја на „Стад де Франс“ (Видео)

Објавено

на

По четирите ужасни изданија во Лигата на нации, Франција конечно ја запиша првата победа во овој квалификациски циклус, откако вечерва на домашен терен ја совлада Австрија.

Избраниците на Дидие Дешамп покажаа фудбал како се очекува од нив и во секој фудбалски елемент го надиграа ривалот, но сепак за головите се чекаше до второто полувреме.

Килијан Мбапе изведе фудбалска мајсторија и тргна сам против цела противничка одбрана на Австрија, а пред да постигне гол, го разнесе бекот Тримел кој заврши на земјата.

По овој гол на Мбапе, работата за Французите беше уште полесна, а точка на мечот стави Оливие Жиру кој вечерва испиша историја на „Стад де Франс“.

Со 35 години и 357 дена, Жиру стана највозрасен Французин кој постигнал гол за репрезентацијата, но воедно, стигна и на два гола од рекордот на Тјери Анри. Легендарниот Тити со 51 гол е најдобар стрелец во историјата на Франција, а Жиру сега има 49.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни