Поврзете се со нас

Франција

Мбапе го прекина молкот: Имам само еден сон во овој момент, ќе биде страшно…..

Објавено

на

Килијан Мбапе се помири со судбината дека ќе остане уште една сезона во ПСЖ, но ако се суди според неговата последна изјава, завршната сезона од договорот планира да ја заврши на најдобар можен начин.

Француската ѕвезда сака да заврши на величестевен начин во Париз, односно со освоена титулата во Лигата на шампионите со тимот кој во новата сезона ќе биде уште посилен и ќе делува навистина страшно на теренот.

Покрај Нејмар и Мбапе и најголем дел од играчите од минатата сезона, ПСЖ го доведе Рамос, го ангажираше Вајналдум, во својот ростер го придодаде и Ашраф Хакими, како и најдобриот играч на Европското првенство, Џиџио Донарума.

Покетино како тренер ќе има обврска да ја нападне титулата во Лигата на шампионите со овој тим, а Мбапе во последното интервју за магазинот на ПСЖ кое целосно ќе биде објавено утре, открива кој е неговиот најголем сон во овој момент.

– Мој најголем сон е да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ во сезоната која претстои. Тоа ќе биде нешто страшно, навистина страшно искуство, – вели Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни