Мбапе: Го обожавав Роналдо како мал, но сега…

kilijan-crveno

Килијан Мбапе минатата сезона и се претстави на светската спортска јавност како еден од најголемите фудбалски таленти кои ги имаме гледано во последните десетина години, а сега своите сензационални изданија од Монако ги пренесе и во ПСЖ каде заедно со Нејмар и Кавани го сочинува ѕвезденото и страшно напаѓачко трио.

Младиот француски тинејџер кој неодамна наполни само 19 години дефинитивно има светла иднина пред себе, а истата одлучи да ја гради во ПСЖ и покрај тоа што изминатово лето имаше понуда од клубот на неговите сништа, големиот Реал Мадрид кој сепак на крајот не притисна доволно во битката со ПСЖ.

Судбината посака Мбапе многу брзо да се сретне со Реал Мадрид како член на ПСЖ, но што е уште поинтересно, Килијан во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе ги одмери силите и со својот најголем идол, Кристијано Роналдо. Мбапе во ексклузивното интервју кое го направи за „Марка“ признава дека го обожавал Роналдо, но поради неговиот натпреварувачки дух, сега таа љубов исчезнала.

– Да, секако, Роналдо беше идолот на моето детство и беше навистина убаво кога го запознав во Валдебебас. Но, јас сум роден борец и натпреварувач, мојот натпреварувачки дух сака само да победува, победува и победува. Малку ми значи против кого ќе играм, сакам само да победам. Го сакав Роналдо кога бев мал, но тоа е сега завршена приказна. Сега одам на „Бернабеу“ да победам и да оставам порака на светот, – вели амбициозниот Мбапе.

Facebook Коментари