Поврзете се со нас

Франција

Мбапе ги посочи двата елементи во кои треба да се поправи, па порача: Еден ден ќе морам да си одам од ПСЖ!

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе се уште нема донесено конечна одлука за својата иднина и ќе почека за тоа уште неколку месеци, особено во моменти кога е максимално насочен кон предизвиците кои следат со ПСЖ.

Француската ѕвезда има постигнато „џентлменски пакт“ со Ал Келаифи и детали од истиот знаат само тие двајца, па во период кога навистина нејасно е каде ќе игра Килијан наредната сезона, можен одговор добивме во ексклузивното интервју кое го направил за магазинот „Џи-Кју“.

Во објавениот разговор, ѕвездата на ПСЖ прави и само-анализа на себе и посочи во кои два фудбалски елементи може да се подобри, а тука во фокусот ги става играњето со лева нога и со глава.

– Знам дека бројот на постигнати голови за оваа фаза од кариерата е импресивен, но се уште сметам дека можам да бидам уште похируршки прецизен пред голот. Техниката е тука, но сметам дека треба да се подобрам во играта со лева нога и со глава, така ќе бидам уште поразновиден. Научив многу изминативе неколку години, имав можност да соработувам со шест или седум тренери и морав да се адаптирам за секој различно , – вели Мбапе, кој се осврнува и за својата иднина.

– Трендот во фудбалот постојано се менува, изминатово лето видовме голем број фудбалски ѕвезди како ја напуштија Европа. Влегуваме во нова ера во фудбалот и секој циклус е поразличен. Нормално е во фудбалот да има промени, јасно е дека еден ден и јас ќе си одам од ПСЖ, – додава Килијан.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни