Поврзете се со нас

Свет

Мбапе ги избра тројцата најдобри фудбалери: Ќе почнам да престанам да верувам во „Златната топка“

Објавено

на

Килијан Мбапе го пропушти воведното коло во Лига 1 поради ситна повреда, но сега се очекува да биде во тимот на Галтие за денешното дерби против Монпелје.

Напаѓачот остави зад себе турбулентен период поради долгите преговори и пропаднатиот трансфер во Реал Мадрид, но како играч кој беше избран за најдобар во Франција, тој смета дека минатата сезона бил меѓу тројцата најдобри играчи во светот.

Во последното интервју кое го направи за „Лекип“, Мбапе проговори за тројцата најдобри фудбалери, сместувајќи го Карим Бензема на врвот на пиедесталот.

– Мојот топ 3 за изминатата сезона е Бензема, јас и Мане.

– Карим има 34 години, ја имаше сезоната на својот живот, освои нова титула во Лигата на шампионите и беше клучен. Ако не ја освои он, ќе престанам да верувам во „Златната топка“ засекогаш, – вели Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни