Поврзете се со нас

Светски првенства

Мбапе е против СП на две години: Тоа е посебен настан, ние веќе играме…

Објавено

на

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е против идејата Светските првенства да се одржуваат на секои две години.

Како што е познато мундијалите се играат на секои четири години, но ФИФА сега тоа се обидува да го промени и засега има силен отпор против таа идеја.

-Светското првенство е посебен настан затоа што се одржува на четири години. Ако го играме на две години тоа натпреварување би станало вообичаено, нешто што не треба да се случи. Тоа е нешто неверојатно, натпреварување кое можеш да го играш еднаш во животот.

-Веќе играме 60 натпревари годишно. Европско првенство, Светско првенство, Лига на нации… Би сакале да играме, но тоа е премногу. Треба да добиеме време да се опоравиме, да направиме паузa. Ако луѓето сакаат квалитет, емоции, добри натпревари, мора да го почитуваме здравјето на играчите, – порача јасно и директно Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни