Поврзете се со нас

Свет

Мбапе е голем фан на неочекуваниот голгетер во францускиот тим: Му ја подари капитенската лента и му се воодушевуваше (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Франција не остава ништо на случајноста и кога игра пријателски натпревар, а вчера на дуелот против Шкотска неочекуван лидер во офанзивниот дел беше Бенжаман Павар.

Новиот дефанзивец на Интер постигна два гола во победата од 4:1 и го украде шоуто пред играчи како Килијам Мбапе и Оливие Жиру, но интересно е тоа што десниот бек ужива голема почит од самите соиграчи.

Мбапе со своите потези јасно стави до знаење дека е голем фан на работата која ја извршува Павар во селекцијата со години наназад, па кога го напушташе теренот, му ја подари капитенската лента.

Павар за првпат во кариерата ја носеше лентата на својата рака како лидер на Франција во завршните минути од мечот, а потоа беше поздравен од своите соиграчи, но особено од Мбапе.

Покрај дефанзивецот, во листата на стрелците се запишаа и Мбапе и Коман, а голот за Шкотска го постигна Гилмор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни