Франција
Мбапе: Донесов одлука за мојата иднина!

Килијан Мбапе на гала вечерта на францускиот фудбал по трет пат во низа беше избран за најдобар фудбалер во Лига 1, што доволно говори за неговата доминација во домашното првенство.
Францускиот репрезентативец го украде шоуто и при својот говор, бидејќи на присутните им откри дека донел одлука за својата иднина, која дополнително ќе ја соопшти во наредните неколку дена, а не на церемонијата која смета дека не е вистинско место за тоа.
– Не можам да кажам ништо за мојата иднина тука пред сите, но ќе дознаете многу брзо. Практично се е одлучено. Ова не е најдобро место за да кажам каде ќе бидам наредната сезона. Пред три години погрешив и од ова место зборував за мојата иднина. Не сакам да ја ставам церемонијата во втор план и не барам внимание. Многу брзо ќе дознаете во наредните неколку дена, одлуката е донесена, речиси се е завршено, – изјави Мбапе.
Килијан со 25 гола и 17 асистенции беше на врвот на листата како фаворит за доделување на МВП признанието, па во изборот заврши пред Терие од Рен и Димитри Паје од Марсеј.
– Најдобар играч во Лига 1 трета сезона по ред. Неизмерна гордост што уште еднаш се пишува историја. Ова признание ми го загрева срцето. И секако, благодарност до целиот клуб и на навивачите за укажаната доверба оваа сезона, – порача Мбапе на Твитер.
Meilleur joueur de Ligue1 pour la 3e saison consécutive. Une fierté immense d’écrire l’histoire une nouvelle fois. Cette reconnaissance me fait chaud au cœur. Et bien sûr merci à l’ensemble de mon club et les fans pour la confiance accordée cette saison.
Merci ❤️🏆🥇 @UNFP pic.twitter.com/LTweeLdrWk
— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 15, 2022
-
Светпред 14 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
АТПпред 16 часа
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 15 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Светпред 15 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
АТПпред 13 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот