Поврзете се со нас

Франција

Мбапе демантираше лажна вест пред утрешното сослушување со ПСЖ (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан МБапе беше ослободен од Дидие Дешамп и го прескокна октомврискиот квалификациски циклус поради приватни причини, па иако никој не ги образложи истите, јасно е дека Французинот е крајно засегнат од сагата со неговиот поранешен клуб.

Претставниците на Мбапе и водечките структури на ПСЖ утре имаат ново соочување и најавено е преку медијација да најдат заеднички јазик и решение за долгот од 55 милиони евра, а доколку не дојде до такво сценарио, целиот случај ќе заврши на суд и парницата може да трае со години.

Во исчекување на утрешниот ден, дел од француските медиуми излегоа и со сензационални вести кои пристигнуваат од Шведска, а Мбапе истите ги окарактеризира како неточни и јасно спинувани од неговиот поранешен клуб ПСЖ.

Веста вели дека шведската полиција отворила истрага за новодно силување во хотелот во кој престојувал Мбапе пред неколку дена, но Килијан експресно го демантираше ова и алудира на тоа дека намерно се пласира ваква вест за да се оцрни неговиот углед пред утрешната средба со челниците на ПСЖ на Апелацискиот спортски суд во Франција.

– Лажни вести. Ова веќе станува премногу очигледно. Случајно некој објавува ваква вест во предвечерието пред сослушувањето….., – порача Мбапе.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни