Поврзете се со нас

Франција

Мбапе даде атрактивен гол, Ница му зема мерка на шампионот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Фудбалерите на Ница направија изненадување и славеа над Пари Сен Жермен со 3-2 во премиерниот меч од 5. коло во Лига 1.

„Светците“ играа во својот дом, пред своите навивачи и важеа за големи фаворити за освојување на трите бода, но Ница потврди дека може да биде незгодна и го шокираше „Паркот на принцовите“.

Изненадувањето беше најавено во 21 минута кога Мофи донесе предност за гостите, меѓутоа веќе во 29 минута стигна одговорот на четата на Енрике со голот на Мбапе.

До крајот на првиот дел немаше друго промени, но по паузата гостите одново подобро се снајдоа и ново водство донесе Лаборд. Потоа Мофи со вториот гол зголеми на 3-1 по што стана јасно дека се спрема изненадување во француската престолнина.

Мбапе со мајсторски, атрактивен погодок намали на 3-2 во 87 минута, ама тоа беше се од актуелниот првак кој го претрпе првиот пораз во кампањата 2023/2024.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни