Поврзете се со нас

Шпанија

Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Реал Мадрид се избори за значајна победа над Вилјареал од 2-1 и најмалку до утре ќе биде на лидерската позиција во шпанската Примера.

„Кралевите“ имаат многу проблеми кога играат на гостински терен против Вилјареал и најдобра потврда за тоа што за нив ова е прва победа во шампионатот по пауза од осум години кога Бејл, Роналдо и Мората ја потопија „жолтата подморница“.

Овојпат во главна улога беше Мбапе кој беше двоен стрелец во 17 и 23 минута со што го поништи водечкиот гол на домаќините на дефанзивецот Фојт.

Четата на Анчелоти сега има 60 бода, три повеќе од Барселона и четири од Атлетико Мадрид кои утре го играат дербито на оваа рунда на „Метрополитано“.

ОВДЕ погледнете ги најважните моменти.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни