Поврзете се со нас

Франција

Мбапе блескаше на првиот меч како нов играч на Реал, но стана вирален хит поради синхронизацијата со рекламното пано (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Килијан Мбапе блескаше на првиот натпревар кој го одигра како нов играч на Реал Мадрид, па повеќе од очигледно е дека крајот на сагата позитивно влијаеше врз францускиот капитен.

Напаѓачот постигна еден гол и запиша две асистенции во победата над Луксембург од 3:0 , но исто така беше дел и од најоригиналната сцена која стана вирален хит.

Мбапе во една ситуација бараше прекршок и чекаше судијата да ја прекине играта, но во истиот момент зад него одеше комична реклама на рекламното пано, што неверојатно добро се поклопи во целата оваа ситуација.

Лудата синхронизација направи сцената да стане хит број еден на социјалните мрежи, па многумина тоа го посочија како вистински хајлајт на мечот.

Ова беше прв подготвителен натпревар за „триколорите“ пред Европското првенство во Германија, а вториот ќе биде против Канада за три дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни