Свет
Мбапе: Бев блиску до Меси и знам дека ја промени својата игра за да остане на врвот

Килијан Мбапе вчера стигна до 300-от гол во својата кариера на само 24 години и само уште еднаш потврди за каква фудбалска класа станува збор, но францускиот капитен ги остава индивидуалните признанија во втор план.
Франција вчера оствари историска победа над Гибралтар и го урна сопствениот рекорд со триумфот од 14:0, па Мбапе вели дека тимот за него секогаш е на прво место.
– 300 постигнати гола? Тоа за мене е во втор план, на прво место секогаш е тимот. Јас отсекогаш сум сакал да оставам свој белег во историјата на овој спорт, но има играчи кои постигнале по 800 и 850 гола. 300 голови се чисто лудило, но тимот за мене секогаш ќе биде поважен од индивидуалните рекорди, – изјави Мбапе, кој во последно време добива сугестии и препораки дека мора да еволуира во играта и повеќе да помага во одбрана.
– Знам дека секогаш може подобро, дури и најдобрите играчи во историјата мораа да менуваат работи. Јас играв со Меси и тој ја промени играта кога дојде во ПСЖ. Не беше оној истиот од Барселона. Тој во Париз го промени стилот на игра и тоа му дозволи да продолжи да остварува успеси, – вели Килијан, кој нема ништо против забелешките кои ги доби од Луис Енрике пред една недела.
– Моите соиграчи и моите тренери секогаш барале повеќе од мене. Среќен сум што очекувањата се големи, бидејќи јас сакам да продолжам да растам и да бележам прогрес, – завршува Мбапе.
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
АТПпред 24 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…
-
Светпред 22 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година