Поврзете се со нас

Италија

Мбапе асистираше, па ја потврди дерби победата за ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ нема некоја посебна конкуренција во Лига 1 и оваа сезона и доста лесно направи комотна предност, а вечерва отиде и на плус осум со победа на тешкото гостување кај Ленс.

Поразот на Ница ги остави „светците“ во ситуација да ја зголема предноста на табелата, па Килијан Мбапе беше доволно инспириран и покрај тоа што мечот не беше отворен баш најдобро.

Ленс доби пенал и одлична можност да поведе со 1:0, но Франковски не ја искористи најстрогата казна и од овој момент мечот доби сосема друг тек.

Килијан Мбапе извонредно го проигра Баркола по половина час игра и младиот талент погоди за 0:1, но до крајот на првиот дел се случи уште еден клучен момент.

Ленс остана со играч помалку поради исклучувањето на Градит, па работите беа уште полесни за гостите од Париз во вториот дел. И покрај предноста од играч повеќе, ПСЖ не успеа да наметне некоја посебна доминација, но сепак Мбапе го пронајде патот до голот за конечни 0:2 по додавање од Дембеле во 89-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни