Поврзете се со нас

Формула 1

Мазепин го проби дното: Русинот заработи грид казна откако беше последен во квалификациите

Објавено

на

Никита Мазепин продолжува со катастрофалните настапи во болидот на Хас, па денеска се најде на последното место во квалификациите за Формула 1 трката за ГН на Шпанија.

Мазепин во дебитантската сезона во Ф1 е убедливо најслаб возач кој тешко се снаоѓа во елитното друштво, а денеска си заработи и нова казна од стјуардите.

Поради фактот што го блокирал Ландо Норис во првата квалификациска сесија, Мазепин добил казна од три позиции во пресрет на утрешната трка, како и еден казнен поен.

Со оглед дека не може да стартува поназад од 20. место кое му припадна во квалификациите, казнениот поен е пореална казна и е веќе втор по само четири трки за Русинот.

Според правилата на ФИА, 12 казнени поени во текот на една година значи автоматска суспензија на една трка.

Мазепин ја започна сезоната со незавршена трка во Бахреин, а на следните две го освои последното место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни