Поврзете се со нас

Формула 1

Мазепин го налути Шумахер со опасниот потег во Баку, Штајнер повторно ги смирува возачите на Хас (Видео)

Објавено

на

Мик Шумахер и Никита Мазепин ја завршија Формула 1 трката во Баку на 13 и 14. место, но нивниот најдобар пласман сезонава остана во сенка на непријатната сцена од самиот финиш на натпреварот.

Во ситуација кога Шумахер почувствува дека има брзина на правецот со која може да го престигне својот тимски колега, Германецот тргна во офанзива, по што Мазепин направи неочекувана промена на правецот и го натера Мик да се доближи блиску до заштитната ограда.

– Ваквите „сецкања“ на Мазепин кога некој го престигнува се недозволени. Зборуваме за големи брзини и ова може да загрози нечиј живот, – изјавил за германските медиуми поранешниот Ф1 возач Ралф Шумахер, кој истовремено е и чичко на Мик.

Шумахер веднаш реагираше и со гестикулации, но и со порака до својот инженер, а дека ситуацијата не била едноставна за Хас говори и фактот што тимскиот шеф Гинтер Штајнер морал да разговара со своите возачи.

Во моментите на престигнувањето, брзината на движење на болидите на Хас била околу 300 км/ч, што доволно објаснува каква опасност претставувал потегот на Мазепин.

– Очигледно е дека имаше ситуација на правецот, но сега се е расчистено, возачите го решија недоразбирањето, – изјавил Штајнер со дипломатски речник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни