Англија
Маунт за првата средба со Тен Хаг: Знам што ме чека во Јунајтед

Мејсон Маунт денеска позираше со новиот дрес на Манчестер Јунајтед и го комплетираше трансферот од Челси, кој ќе ги чини „црвените ѓаволи“ околу 70 милиони евра.
Англискиот репрезентативец притигнува на „Олд Трафорд“ со голем ентузијазам и желба за докажување после лошата сезона која ја остави зад себе, а клубот покажа дека верува во него такашто му ја додели легендарната „7-ка“ која во минатото ја носеа играчи како Роналдо, Бекам и Кантона.
– Никогаш не е лесно да го напуштите клубот во кој сте пораснале, но Манчестер Јунајтед му нуди возбудувачки предизвик за следната фаза во мојата играчка кариера.
– Тоа што се имам натпреварувано против нив ми носи предност, знам во каков тим се приклучувам и не можам да дочекам да заиграм со оваа групна на фудбалери која ќе се бори за сите трофеи.
– Сите видоа во кој правец тргна клубот под водство на Ерик Тен Хаг, после разговорот кој го имав со него, не можам да бидам повозбуден од тоа што ме чека. Подготвен сум за напорна работа, имам големи амбиции и знам дека ова е клуб во кој се бркаат најголемите трофеи. Ќе дадам се од себе за тоа да го почувствуваат и навивачите на Јунајтед, – изјави Маунт.
#️⃣7️⃣ pic.twitter.com/HqBMXKmSmM
— Manchester United (@ManUtd) July 5, 2023
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 22 часа
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)