Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Маунт со провокација до Крос откако Германецот даде изјава без респект пред реваншот со Челси

Објавено

на

Фудбалерот на Челси, Мејсон Маунт ја искористи приликата и големата победа над Реал Мадрид и упати провокација до искусниот фудбалер на „кралевите“, Тони Крос.

За ваквата провокација виновен е самиот Крос кој пред натпреварот со Челси истакна дека ниту еден фудбалер на „сините“ не го доведол до тоа да не може ноќе да спие и да размислува за натпреварот кој следи.

– 15 години сум во фудбалот и никогаш не сум имал проблем со спиењето поради некои играчи. Тие во Мадрид покажаа дека играат како тим, имаат германски стратег и тоа не ме изненадува. Се бранат добро и брзи се во напад, тоа се нивните силни страни, -изјави Крос пред натпреварот, а Маунт ова го сфати како провокација, па реши да возврати на истата со слична мера.

– Видов дека еденод противничките играчи вели дека немал проблем со спиењето поради некој играч. Сегаможеби нема да спие поради целиот наш тим, -изјави Маунт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни