Поврзете се со нас

Англија

Маунт откри што било пресудно да се одлучи да се вакцинира

Објавено

на

Фудбалерот на Челси, Мејсон Маунт, во моментов има обврски кон англиската репрезентација, а на последната прес-конференција открил што било пресудно да прими вакцина како заштита од ковид-19.

Маунт им потврдил на новинарите дека веќе примил две дози вакцини, па тој е еден од премиерлигашките фудбалери за кои е познато дека ја прифатиле имунизацијата од опасниот вирус.

– Сега имам примено две дози од вакцината.

– Откако поминав низ тоа искуство и пропуштив два врвни натпревари, тоа дефинитивно влијаеше на мојата одлука да се вакцинирам, – објаснил Маунт, мислејќи на дуелите против Чешка и Германија на Европското првенство.

Англискиот репрезентативец мораше во изолација по дуелот со Шкотска, откако долго разговораше со Били Гилмор, кој по натпреварот имаше позитивен тест.

– Секој фудбалер сам си одлучува по ова прашање, но јас не сакав да ми се повтори такво искуство, – дополнил Маунт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни