Матуиди: Ние сме горди, Реал одамна не бил во таква „шах-мат“ позиција

Matuidi

И покрај тоа што мина скоро една седмица и понатаму актуелна е четвртфиналната битка меѓу Реал Мадрид и Јувентус, односно случувањата од оваа средба кои донесоа многу контраверзи-пеналот во судиското продолжение кој судијата Мајкл Оливер го покажа по кој „кралевите“ успеаа да дојдат до полуфиналето на Лигата на шампионите.

Многу работи и ставови беа пренесени низ изминативе денови, па на оваа тема проговори и Блес Матуиди кој и покрај елиминацијата е горд на тимот на своите соиграчи и на тоа што го направија на „Бернабеу“.

-Мислам дека сите ја видоа нашата голема посветеност во Лигата на Шампионите, иако сме разочарани од елиминацијата. Ние го дадовме најдоброто, не може секој да победи 2-0 во Мадрид, долго време помина откако Реал бил во такви проблеми во нокаут фазата. Бевме толку блиску до големиот подвиг, но за жал не успеавме. Навивачите ни се заблагодарија и ние сме горди на она што го направивме, -рече Французинот за клупската телевизија.

Facebook Коментари