Поврзете се со нас

Италија

Матри означи крај на кариерата: Доста правев будала од себе

Објавено

на

Алесандро Матри на почетокот на измиантата деценија доби значајно голем публицитет во Италија и поради своите добри настапи во Калјари го привлече вниманието на големите клубови, а првиот чекор го повлече Јувентус кој го ангажираше во своите редови.

Настапувајќи за „старата дама“, Матри беше и стандарден дел од италијанската фудбалска репрезентација, но откако неговата кариера значително доби пад во измиантиве неколку сезони, искусниот напаѓач ја искористи оваа корона пауза за да означи крај на својата играчка кариера.

Матри нагласи дека заминува во пензија на 35-годишна возраст, откако заклучил дека доволно е да прави „будала од себе“ по лошата етапа која ја имаше во Бреша во првиот дел од сезоната и откако беше ослободен од Сасуоло.

– Можам да кажам дека ги остварив моите соништа. Кога започнав, не можев да замислам дека ќе имам ваква кариера и дека ќе освојам три Скудета. Не можам да се жалам како помина се, но сега сум на крајот од патот. Ја донесов оваа одлука откако видов како завршија моите последни шест месеци во бреша, – изјави Матри за „Скај Спорт Италија“ и додаде.

– Откако бев ослободен од Сасуоло, не добив многу понуди и не бев задоволен од тоа што го добив. Претпочитам да не правам будала од себе. Ќе ми недостасува животот како фудбалер, но само голема понуда можеше да ме задржи во фудбалот, – додава напаѓачот кој трите Скудета ги освои со Јувентус, а исто така играше и за Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни