Поврзете се со нас

Македонија

Матлиевски е минато, Кастратовиќ нов тренер на Пролет

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Тинекс Пролет се одлучи да направи промена на тренерската позиција и Никола Матлиевски го замени со Зоран Кастратовиќ.

Матлиевски четири години го водеше Пролет и му помогна на клубот да оствари добри резултати на домашната сцена. Меѓутоа двете страни одлучија да се разделат и спогодбено да ја прекинат соработката по поразот на екипата од Металург во Автокоманда.

Испразнетото место ќе го пополни Кастратовиќ кој одлучи да го прифати повикот, предизвикот и до крајот на сезоната ќе ја води екипата со опција за продолжување на истата за уште една година.

Инаку Пролет со 12 бода е на третата позиција во Суперлигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни