Поврзете се со нас

Македонија

Матлиески седнува на клупата на ГА КЛ7: Можам да ветам три работи

Објавено

на

Екипата на Голден Арт КЛ7 денеска официјално го претстави новиот тренер-тоа е Никола Матлиески.

Матлиески кој последниот клупски ангажман го имаше во Тинекс Пролет се одлучи да ја прифати понудата на ГА КЛ7 и да стана наследник на Игор Котевски.

-Доаѓам во средина во која се негува работата со млади македонски ракометари, клуб кој инвестира во создавање на услови во кои нашите млади играчи ќе можат правилно да се развиваат и нуди можност истото тоа да го покажат на терен.

-По природа сум голем работник и максимално сум посветен на ракометот и затоа можам да ветам многу работа, тренинг, посветеност во следните години. Нашата цел не е само првиот тим, каде што клубот има голем играчки потенцијал, туку и создавање на респектабилна база на млади играчи и тренери во младите категории.

-Благодарност до раководството на Голден Арт КЛ7, кое има визија да работи за доброто на македонскиот ракомет, за довербата која со максимална посветеност во периодот кој следи ќе се трудам да ја оправдам, -порача Матлиески.

Инаку ГА КЛ7 останува на олутиката која досега ја практикуваше, ангажман и развој на исклучиво македонски ракометари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни