Поврзете се со нас

Македонија

Матлиески ја дефинираше целта на РК Голден Арт за оваа сезона

Објавено

на

Со денешната ждрепка беше определено дека во Групата Б од Првата македонска ракометна лига ќе играат РК Голден Арт, Рк Јуниор КВ, РК Астарион Хандбал, РК Аеродром, МРК Куманово, РК Кичево, РК Текстилен, РК Македонија ЃП, РК Металург РА и РК Алкалоид.

Во пресрет на стартот на првенството кој е закажан за 18 и 19 септември, првиот тренер на РК Голден Арт, Никола Матлиески, имаше свој осврт.

– Имаме многу нови играчи оваа година во тимот и сигурно дека ќе ни биде потребно време за вооигрување, но според она што го гледам во моментов, во иднина ќе бидеме се подобри и подобри. Имаме екипа која е спој на младост и искуство, а нашата цел за оваа година е секој играч индивидуално, но и целиот колектив, од ден на ден да биде подобар. Најважно е да создадеме почва секој поединец да го даде својот максимум со секој противник, без разлика на квалитетот на истиот. Секако дека како клуб сакаме да играме во најелитното натпреварување, но како плод на квалитетна работа и напредок на сите во клубот, а за таа цел треба да бидеме конкурентни со сите екипи во лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни