Поврзете се со нас

Македонија

Матлиески: Голден Арт ќе биде тврд орев за секој противник

Објавено

на

Веднаш по денешната ждрепка, во која Голден Арт се најде во “Б” групата заедно со екипите на Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Јуниор КВ и Скопје, од клубот излегоа со изјава на шефот на стручниот штаб:

-Интересна група со доста квалитетни екипи, кои изминативе години се дел од разигрувањето за највисок пласман во лигата. Ќе работиме напорно за добро да се подготвиме и спремни да го дочекаме првенството.
-На секој натпревар тимот ќе оди на позитивен резултат, давајќи го максимумот. По пауза од една година, клубот се враќа во суперлигата, а моите играчи верувам дека ќе бидат силно мотивирани и гладни за победи. Мислам дека имаме квалитет да бидеме тврд орев за секој противник во групата, -истакна тренерот Никола Матлиески.
Еден од најзаслужните за враќањето во суперлигата, најискусниот Златко Даскалоски со свое видување за групата и шансите на клубот во елитата:
-Група во која, освен Еурофарм 1 кој е голем фаворит, останатите екипи имаат горе долу изедначен квалитет и сигурно дека никому нема да му биде лесно да дојде до бодови. Не чека многу работа, вклопување на новите играчи во тимот, со цел достојно претставување на клубот. Мислам дека секој освоен бод ќе биде од големо значење за нас како нов член на суперлигата, но тоа не значи дека на нашите противници ќе им биде лесно. Можеме да ветиме борба и посветеност, а резултатите ќе дојдат сами по себе, -рече Даскалоски.
Стартот на суперлигата е предвиден за почетокот на септември, а на самиот старт Голден Арт на домашен терен ќе го пречека Тинекс Пролет.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни