Поврзете се со нас

АТП

Матиќ застана во одбрана на Ѓоковиќ: Ти замерувам само за една работа

Објавено

на

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ застана во одбрана на неговиот сонародник Новак Ѓоковиќ кој во изминативе денови добива голем број на критики, а причината за тоа се турнирите кои ги организираше и по кои се појавија случаи на коронавирус.

Меѓу заразените е и првиот светски рекет кој веднаш откако ја дозна информацијата им се извини на сите инволвирани со надеж дека се ќе помине со лесно. Сепак без разлика на ова Ноле не е поштеден и добива „удари“ од сите страни, па поради ова реагираше Матиќ со соопштение.

-Почитувани. Гледам дека последниве денови се води хајка против Ѓоковиќ затоа што тој го организираше турнирот во Белград, иако според законите на државата Србија, сè беше регуларно и беше организиран на високо ниво.

-Покрај сето тоа, глувците излегоа од дупката и си дадоа право да го критикуваат светскиот рекет број еден, во тенисот, но и во однос на сите луѓе во светот. Ама јас не се грижам. Многу брзо мачката (читај Ноле) ќе биде на терен, а глувците во дупката.

-Турнирот беше одличен и се надевам дека ќе стане традиционален, затоа што нашиот тенис го заслужува. Единствената работа за која му замерувам на Новак е што им се извинува на глувците кои го критикуваат без причина. Не, Ноле тие наското тебе ќе ти се извинуваат. Поздрав до сите луѓе од овој свет од Манчестер, -порача Матиќ во писмото кое го пренесуваат српските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни