Матиќ тргна да се пресметува со цела клупа на Коста Рика (Видео)

matic-kolaov

Српската фудбалска репрезентација стигна до посакуваната победа на првиот настап на СП во Русија, а единствениот гол беше ремек-дело од слободен удар на капитенот Коларов.

Еден од моментите кои сепак станаа вирални кај фановите по друга основа беше „пресметката“ на Немања Матиќ во самиот финиш на средбата. Во судиското продолжение, Матиќ имаше дуел со селекторот на Коста Рика, а потоа мораше да се соочи буквално со целата клупа на противникот, притоа ниту во еден момент не реши дека е подобро да се повлече.

За среќа на српскиот репрезентативец, судијата не реши да го санкционира за овој потег.

Facebook Коментари