Поврзете се со нас

Франција

Матиќ се пријави после три дена и откри зошто без дозвола си заминал од Рен (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/staderennais

Немања Матиќ си ги спакува куферите и заедно со своето семејство замина од Рен, а откако никој од клубот не знаеше каде е три дена, Србинот сега се огласи на социјалните мрежи.

Искусниот играч за врска призна дека направил голема грешка и дека не требал да си замине без дозвола од клубот, па во оваа ситуација нејасно е дали воопшто ќе има место за него во првиот тим на Рен во вториот дел од сезоната.

Главен проблем за Србинот е школувањето на неговите деца кои цело полугодие останале без планираните студии, па иако првично беше пренесено дека Матиќ е револтиран на клубот кој не му помогнал да пронајде адекватни улилишта, сега самиот Немања призна дека проблемот е кај него.

– Драги навивачи. Сакам да ставам точка на шпекулациите и да кажам дека изминатово лето бев почестен од интересот од Рен, тие побараа да бидам дел од важен проект. Ми беше нагласено дека им е потребен играч со мои карактеристики и после шест месеци во клубот, можам да потврдам дека клубот е извонреден за сите играчи, особено за младите.

– За жал, поради моја грешка, не успеав да ги надополнам приватните и професионалните обврски. Не успеав да ги запишам моите деца во интернационално училиште какво што посетуваат од почетокот на школувањето. Поради тоа бев отсутен од Рен во изминатите три дена, се обидував да го решам овој проблем кој е голем за мене и моето семејство. Се враќам во Рен каде заедно со клубот ќе донесеме одлука за следните чекори, – порача Матиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни