Поврзете се со нас

Англија

Матиќ се откажа од настапите за српската репрезентација

Објавено

на

Немања Матиќ во иднина нема да настапува за српската фудбалска репрезентација.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед ја информирал федерацијата дека нема да му биде на располагање на селекторот во иднина, а тоа го потврди и нејзин претставник за српските медиуми.

Матиќ во минатото имаше проблеми кога селектори беа Синиша Михајловиќ и Младен Крстајиќ, но сега не е јасно зошто решил самиот да се повлече од националниот тим.

Играчот за врска одигра солидна сезона за англискиот клуб и потпиша нов договор со Јунајтед на 32-годишна возраст.

Матиќ за Србија одигра 48 натпревари и постигна 2 гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни